Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКВО МЕСО ЈАДЕМЕ? - Агенцијата за храна и ветеринарство „улови“ и уништи 2.000 килограми небезбедно замрзнато пилешко од Полска

КАКВО МЕСО ЈАДЕМЕ? - Агенцијата за храна и ветеринарство „улови“ и уништи 2.000 килограми небезбедно замрзнато пилешко од Полска

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредиле нештетно уништување на 1.980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска, кое било транспортирано во возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител.

Месото  било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контрола било во фаза на отопување.

„Во запленетото возило, небезбедното месо се транспортирало во несоодветни услови, односно без потребен температурен режим за замрзнато месо (минус 18 степени Целзиусови) и без никаква документација за потеклото -  ветеринарно здравствен сертификат, комерцијален документ и други потребни документи за гарантирање на безбедноста на производот“, се вели во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Слично

Поврзани вести