Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какво ќе биде времето за викендов?

Какво ќе биде времето за викендов?

Времето денеска ќе биде врнежливо, особено попладне  и во вечерните часови, кога е можно врнежите да станат и пообилни. 

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 2 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје и во околината се очекува слично време, со поинтензивни врнежи во вечерните часови.

Минималната температура ќе изнесува 6 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

За време на викендот нè очекува стабилно време. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а в недела ќе биде сончево со умерена облачност и малку потопло.

Во понеделник и вторник ќе следи нова дестабилизација на времето и се очекува умерено облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд со дневни температури кои ќе достигнат од 13 до 23 степени во понеделник, односно од 10 до 20 степени во вторник. 



Слично

Поврзани вести