Какво ќе биде времето во Скопје и во цела Македонија?
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб североисточен ветер.
Во јужните делови од земјава облачноста ќе се зголемува. Утринската температура ќе биде од -6 до 3, а дневната од 3 до 12 Целзиусови степени. Утринската температура ќе се спушти до -1, а дневната ќе се искачи до 10 степени Максималните дневни температури денеска ќе достигнат до 12 степени, во Скопје 10, Маврово 3, Охрид 8, Битола 9, Кавадарци 11, Дојран 12, Крива Паланка 9, Берово 7. Во главниот град ќе имаме сончево време со умерена облачност и со слаб североисточен ветер.
Во наредните денови се очекува стабилно време со ниски утрински температури. Во поголем дел од Македонија ќе има мала до умерена, а во јужните делови повремено и значителна облачност. Дневните температури во наредните три дена ќе се движат од 6 до 14 степени.
