Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какво ќе биде времето викендов и следната недела?

Какво ќе биде времето викендов и следната недела?

Во Македонија денеска во утринските часови има појава на магла. 

Маглата е поизразена во Тетово и Прилеп, слаба магла има во Битола и сумаглица во струмичката котлина. 

Во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на облачност и потопло време. Ќе дува слаб југоисточен и југозападен ветер. Температурите ќе бидат во пораст, така што утринските ќе се движат од 2 до 9 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 10 односно до 19 степени. 

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла која ке се задржи и во раните претпладневните часови. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време. Ќе дува слаб југозападен ветер. Утринската температура од 6 степени, а максималната дневна до 17 степени.

Во земјава во недела и понеделник умерено облачно време со повремени сончеви периоди и топло со максимални температури кои ќе се движат од 13 до 22 степени, со напомена дека во понеделник се очекува и засилен југозападен и југоисточен ветер со брзина и до 35 км/ч. Во доцните попладневни и вечерните часови во охридско-преспанскиот и дебарскиот регион можни се и врнежи од дожд. Во вторник и среда промена на временската состојба, под влијание на медитерански циклон нестабилно време со обилни врнежи од дожд, ветровито и пад на температурите. Локално се очекуваат да наврнат и над 40 литри дожд на метар квадратен. Во вторник дневните температури ќе бидат од 10 до 19 степени, а во среда од 7 до 16 степени. Над 1500 метри надморска височина, врнежите ќе бидат од снег. 

Во Скопје во недела и понеделник умерено облачно време со сончеви периоди и топло за овој период од годината со дневна температура до 20 степени. Во вторник и среда се очекува облачно со поинтензивни врнежи од дожд и пад на максималната температура која ќе достигне до 17 односно до 14 степени. 

Слично

Поврзани вести