Какво ќе биде времето денеска?Студено, но бар ќе има сонце
Времето денеска претпладне главно во североисточните делови ќе биде со слаби врнежи од снег, додека во текот на денот ќе биде сончево и студено. Долж Вардар ќе дува просечен ветер засилен од северозападен правец (над 70 км/ч).
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, додека максималната ќе достигне од -1 до 7 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и студено со мала до средна облачност. Ќе дува и ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, додека максималната ќе достигне до 5 Целзиусови степени.
Слично
