Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви ветувања даде Шекеринска за армијата?

Какви ветувања даде Шекеринска за армијата?

Mинистерката за одбрана, Радмила Шекеринска по средбата со припадниците на Полкот за специјални операции при АРМ изјави дека припадниците на армијата мора да знаат дека ќе бидат ценети според својата способност и знаење, а не според фаворизирање на поединци или политички партии. 

„Буџетот за 2018 година влезе во собраниска процедура и тој потврдува дека Владата и јас како министерка за одбрана ќе го реализираме она на што се обврзавме, а тоа е обезбедување средства за зголемување на платите за сите кои се во служба на армијата на Македонија во износ од 10 проценти“ - истакна Шекеринска. 

Министерката додаде дека за оваа намена се обезбедени 300 милиони денари.

Министерката на средбата била брифирана за потребите на „волците“, кои во кругот на касарната Илинден изведоа показна вежба, а се разговарало и професионалните и објективни стандарди на АРМ.

„Дополнително во буџетот обезбедивме средства со кои ќе се подобрат условите и средствата на припадниците на армијата. Имавме прилика да видиме униформи на некои армии зeмји членки на НАТО, но и искинати униформи кои после години на негрижа сè уште ги користат војниците на АРМ“ - рече Шекеринска.

За наредната година најави и два конкурса за нови професионални војници и нагласи дека шанса за вработување во елитните единици на АРМ ќе има секој поединец кој ќе ги исполни сите ригорозни услови. 

Слично

Поврзани вести