Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви уставни измени се очекуваат и што нема да се чепка?

Какви уставни измени се очекуваат и што нема да се чепка?

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров на прес - конференција денеска ги објасни клучните одредби од Договорот со Грција, за кои вели дека има многу дезинформации.

Димитров кажа дека уставните амандмани не се напишани, ниту се преговарани и ќе ги формулира Собранието низ јавна дебата и дебата во собраниските комисии.

„Во Преамбулата на Уставот „ништо нема да се чепка во државно-правниот наратив кој почнува од Илинденското востание, преку АСНОМ до рефрендумот за независност во 1991, туку ќе ги наведе поединечни одлуките на АСНОМ. Формулации не постојат, ниту се преговарани“- изјави Димитров.

За другите амандмани, вели дека еден се однесува за додавањето на географската одредница „Северна“ кон името Македонија. Со вториот се дава уште поцврста гаранција за границите и дека нема територијални претензии ниту Македонија кон Грција, ниту Грција кон Македонија, а третиот се однесува за грижата на нашите иселеници во соседните земји, која  ќе се прошири  за правата на целата дијаспора во целиот свет. 

„Влегувањето во сила на Спогодбата со Грција е поврзано со ратификацијата на протоколот, односно Спогодбата ке влезе во сила кога Грција ке го ратификува Договорот и пристапните протоколи за нашето членство во НАТО“- појасни Димитров. 

Патот до ЕУ и НАТО е само преку Договорот со Грција. 

Слично

Поврзани вести