Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви се реакциите на Заев за уапсениот од кабинетот на Спасовски

Какви се реакциите на Заев за уапсениот од кабинетот на Спасовски

Премиерот Зоран Заев, по случајот со апсењето на членот на кабинетот на министерот за внатрешни работи, поради сомнение дека барал поткуп а со тоа ја злоупотребил службената положба и овластување, се огласи на социјалните мрежи и на својата Фејсбук страница напиша дека не ги знае сите детали за случајот, но ги охрабрува институциите да направат темелна истрага.

„Не ги знам сите детали за случајот со осомничениот вработен во Кабинетот на министерот за внатрешни работи, но ги охрабрувам институциите да спроведат темелна и професионална истрага и да носат одлуки базирани на факти. Нема место за толеранција на какви било незаконски дејства. Институциите мора да бидат целосно посветени во служба на граѓаните и во функција на владеењето на правото“, пишува премиерот Зоран Заев.

МВР вчера соопшти дека по налог на Основното јавно обвинителство е приведен Д.С., вработен во Кабинетот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – злоупотреба на службената положба и овластувањето. Тој бил приведен во Полициската станица Кисела Вода, каде што останал минатата вечер. Станува збор за долгогодишен припадник на МВР кој од влегувањето на Спасовски во министерскиот кабинет во техничката влада е назначен и за советник. Бил и во комисијата на МВР за надзор на  приватните агенции за обезбедување.

Слично

Поврзани вести