Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви се реакциите на соседите за договорот меѓу Скопје и Атина?

Какви се реакциите на соседите за договорот меѓу Скопје и Атина?

Министерството за надворешни работи на Бугарија го поздрави постигнатиот договор меѓу владите на Македонија и на Грција за прашањето за името.

„Ова го отвора патот кон европската и евроатлантската интеграција на нашиот сосед. Ова е реална шанса на крајот од бугарското претседавање со Советот на Европската унија да има напредок и можност за започнување на пристапните преговори. Бугарија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име уште во јануари 1992 година и новото име Република Северна Македонија не треба да биде интерпретирано како основа за евентуална промена на постојните граници или претензии кон соседите, односно нивниот јазик, култура, историја и идентитет. Бугарија ќе инсистира двете соседни, партнерски и пријателски земји да дадат гаранции дека во договорот меѓу нив овие два принципа ќе бидат недвосмислено искажани и потврдени“- се вели во соопштението од бугарското МНР.

Косовските претседател и премиер Хашим Тачи и Рамуш Харадинај им честитаа на Атина и Скопје за постигнатиот договор за името на Македонија.

Албанскиот премиер Еди Рама и албанскиот министерот за надворешни работи, Дитмир Бушати, го поздравија постигнатиот договорот помеѓу Македонија и Грција за спорот за името.

„Два прогресивни лидери на соседните земји денеска влегоа во историјата и им порачаа на Европската унија и на целиот свет дека имаат визија и волја да ги надминат минатите пречки и да најдат простор за поглед кон иднината. Изразување на почит за Зоран Заев и Алексис Ципрас. Балканот денес е побезбедно место“– пишува Рама на Твитер.

Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати позитивно го цени овој договор нареркувајќи го „историски договор“.

Слично

Поврзани вести