Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви се алтернативите без НАТО според Пендаровски?

Какви се алтернативите без НАТО според Пендаровски?

Може ли Македонија без НАТО и какви алтернативи има на располагање. На ова прашање свои размислувања даде Стево Пендаровски, Националниот координатор за НАТО на научната тркалезна маса „Алтернативи на и за НАТО: интеграција на Република Македонија, политичка реалност, идни решенија и можности“, која се одржа денеска на Факултетот за безбедност.

Според него, првата алтернатива е Македонија да прогласи воено-политичка неутралност, но тоа е, како што кажа, утопија во регионот во кој живееме и нешто што нема да има практичен ефект. 

- Втората алтернатива е влез во евроазиски асоцијации. Базирано на анализи тоа нема да има никаква додадена вредност за Македонија. Во тие сојузи не постојат услови за членство и не вршат евалуација на нивото на усогласеност на политиките, рече Пендаровски.

Посочи дека придобивките за Македонија од членството во НАТО се огромни -  заедничка заштита од кибер криминал, заедничка одбрана од разорниот ефект на т.н лажни вести. 

- Како полноправна членка на НАТО ние би разменувале информации со сите моќни земји- членки за опасностите од тероризмот поттикнат од верски побуди, рече Пендаровски. 

Во однос на прашањето за името, Пендаровски истакна дека ако сега не се реши ова прашање, алтернативата е да се продолжи со преговарите, се додека не се најде достоинствено решение.

- Најпогубно е да се повлечеме и да се затвориме дома. Ако не добиеме покана не е крај на светот. Битно е да продолжи преговорачкиот процес, додаде Пендаровски.


Слично

Поврзани вести