Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kaкви пропусти имало во училиштето во Неготино каде девојче беше претепано?

Kaкви пропусти имало во училиштето во Неготино каде девојче беше претепано?

Пропусти кај наставниците од неготинското училиште, каде минатата недела се случи тепачка меѓу три ученички, утврдил просветниот инспектор. Телевизија 24 неофицијално дознава дека службите од училиштето затаиле затоа што во второто полугодие поведението на ученичките кои ја тепаа својата соученичка било незадоволително, но тие не ги повикале родителите на разговор за да им го укажат тоа.

Од Министерството за образование потврдуваат дека контролата која ја извршил инспекторатот покажала дека некои одделенски наставници од основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино педагошката евиденција ја вршеле со пропусти.

Слично

Поврзани вести