Какви пораки испратија Мицкоски и Филипче откако гласаа?
Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски откако гласаше.
„Народот за време на кампањата, но и изминатиов период направи јасна разлика и мислам дека граѓаните ќе одлучат да одиме сите напред во развој, а не да се враќаме назад во оние времиња кога Македонија се ограбуваше и се распродаваше“, истакна Мицкоски.
Мицкоски порача дека Македонија заслужува подобро и очекувам денеска таков да биде изборот на граѓаните.
Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, денеска го оствари своето избирачко право, а порача да има фер и мирни избори.
„Очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори. Ги повикувам луѓето да излезат во што поголем број. Многу е важно да избраните градоначалници, советници добијат легитимитет од голем број граѓани. Тоа е наше право и одговорност и тоа е наша обврска“, рече Филипче.
