Какви пораки испрати Муцунски од Вашингтон?
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски вели дека стратешкиот дијалог со СAД претставува важен формат за унапредување на соработката, а клучниот фокус е на глобалните прашања, одбраната, сајбер-безбедноста, енергетиката, економијата и граничната безбедност.
„Втората сесија на Стратешкиот дијалог претставува потврда за заедничката определба за унапредување на мирот, безбедноста и просперитетот, како и за натамошно зајакнување на трансатлантските врски. Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер, со јасна посветеност кон заедничките вредности и стабилноста на регионот“, вели тој.
Муцунски во Вашингтон денеска ја предводи владината делегација на Стратешки дијалог меѓу двете земји.
фото Фејсбук/Тимчо Муцунски
