Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви планови има ДУИ за Насер Зибери откако тој не стана првиот премиер Албанец?

Какви планови има ДУИ за Насер Зибери откако тој не стана првиот премиер Албанец?

ДУИ сепак има план за Насер Зибери кој не стана прв премиер Албанец. 

Организацискиот секретар на ДУИ, Артан Груби за Клан Косово изјави дека имаат многу добри планови за Насер Зибери, но не откри дали токму тој ќе биде првиот премиер Албанец последните 100 дена од владата, пренесе ТВ21.

„Кандидатот ќе дојде по четири години, ќе чекаме, но г. Насер Зибери но и ние и нашите коалициски партнери, но верувам и Албанците, имаме многу добри планови за г. Насер Зибери, за кои верувам дека се согласува и тој и решението да биде прифатливо и поздравено од сите Албанци“, рече Груби.

Меѓу СДСМ и ДУИ е договорено откако Зоран Заев ќе се повлече по 4 години мандат, последните 100 дена кадар на ДУИ да ја води Владата. 

Насер Зибери, одговори само кусо „Немам коментар“ за „Лајм“ на прашањето како ќе реагира откако СДСМ и ДУИ постигнаа договор за формирање на Влада , а во истиот не се споменува неговото име.

Слично

Поврзани вести