Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви одлуки донесе СДСМ на ЦО во Охрид?

Какви одлуки донесе СДСМ на ЦО во Охрид?

Директорот на „Водовод и канализација“, Душко Васковски е новиот организациски секретар на СДСМ. Тој доаѓа на местото на Миле Зечевиќ, а Дане Талески повторно ќе биде секретар за меѓународна соработка на СДСМ. Вакви одлуки се донесени на ЦО на СДСМ во Охрид.

Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов ќе бидат членови на новиот Извршнен одбор на СДСМ, одлучи партијата на седницата на Централниот одбор што се одржува во Охрид. Освен нив во Извршниот одбор ќе бидат и Стефан Богоев, Костадин Костадинов, Татјана Стојановска Иванова, Салија Љатиф Петрушовска и уште осум членови на партијата од другите градови.

Избор на ново партиско раководство, и заокружување на внатрепартиските промени се прашањата кои ќе бидат разгледани. 

Слично

Поврзани вести