Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви кадровски промени најавува Заев?

Какви кадровски промени најавува Заев?

Мандатарот Заев на средбата со Луиза Винтон, постојан претставник на Обединетите нации и претставник на УНДП за Македонија најавува квалитетни кадровски решенија во сите ресори на новата Влада.

Заев на средбата посебен акцент ставил на потребата Македонија да се врати на европските перспективи и да продолжи да се развива кон интеграција во евро-атлантските организации и информирал до каде се преговорите за составување на новата реформска Влада.

„Посветени сме на квалитетни кадровски решенија во сите ресори на новата Влада, кои ќе работат демократски и посветено на квалитетот на живот за сите граѓани. Државата брзо ќе биде подготвена да продолжи напред“, рекол првиот човек на СДСМ.

Тема на разговорот бил и демократскиот и општествен развој на Република Македонија, што се отвора со демократските процеси и формирањето нова реформска Влада. 

Се разговарало за потребата од градење на Македонија во правна држава за што се неопходни судски реформи, како и за економските и социјалните политики, што овозможуваат стабилен и перспективен живот за сите граѓани.

Слично

Поврзани вести