Какви информации поседува Спасовски за да упати предупредување пред референдумот
Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, по вчерашното видео-обраќање дека нема да дозволи нарушување на гласањето за време на референдумот на 30 септември, ги вознемири протагонистите за бојкотирање на социјалните мрежи, а истовремено во саботата Јавното обвинителство формираше специјална комисија која дневно ќе следи дали ќе има „саботажи и опструкции“.
Медиумите веќе цитираат опозициски извори дека ќе има агитатори во близина на гласачките места кои ќе мимаат за цел да сосздадат атмосфера на гласачите да им биде непријатно и да ги убедуваат да се одвратат од намерата да се изјаснат.
Тие би испратиле порака дека „предавниците“ се нотирани кои се, а полицијата нема да може истовремено да стигне насекаде за грашаните да се чувствуваат безбедно.
Тоа во главно би биле активисти на организации поврзани со кампањата за бојкотирање на референдумот.
„Македонија е слободна демократска земја. Секаков вид притисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран согласно со законите. Ова важи и за активностите на интернет. Секој обид за попречување на остварувањето на правото на глас ќе биде санкциониран“, порача вчера Спасовски.
