Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви имотни гаранции понудиле Нухи и Нино Васев?

Какви имотни гаранции понудиле Нухи и Нино Васев?

Одбраната на поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, денеска побара од судот нивно итно пуштање од притвор, нудејќи високи имотни гаранции. Адвокатите тврдат дека деветмесечниот престој во затворот во Шутка веќе претставува „казна пред пресуда“ и оневозможува фер одбрана.

За слободата на Нухи се понудени куќи од негови братучеди во вредност од 350.000 евра, а Васев нуди куќа во Козле со слична вредност. 

„Во затворот е невозможно да се внесе компјутер за подготовка на одбраната, а посетите се ограничени на само еден час неделно“, истакна адвокатката Бегова.

Обвинителството и судот ќе се произнесат за овие барања на следното рочиште на 17 февруари. Нив им се суди за аферата што изби на Оноколија, каде на пациенти им давале физиолошки раствор, а лековите биле препродавани на „црно“ во Косово. 

Слично

Поврзани вести