Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКВИ ГЛУПЕРДИ РАСИПАНИ ЧОВЕЧЕ - препукувањата во „Левица“ се разгоруваат

КАКВИ ГЛУПЕРДИ РАСИПАНИ ЧОВЕЧЕ - препукувањата во „Левица“ се разгоруваат

Препукувањата во „Левица“ добиваат уште поголеми размери. По најавата на Дарко Масларковски дека ја напушта партијата, што беше проследено и со тврдења на социјалните мрежи дека тој е донатор на ВРМО-ДПМНЕ, утринава од „Левица“ објавија дека расчистуваат со членови на партијата кои ги нарекоа „џган“.

Оваа објава предизвика реакција од нивниот член, Бранко Ристов, кој спротивно на објавата на „Левица“ посочува дека отказот го дал во партија и не гледа причина за јавно обвинвуање, кога целел кон тивко напуштање на партијата. 

- Какви глуперди расипани човече... Никаков коментар против партијата немам пишано. Само оставка си дадов. Внатрепартиска работа. Така и третирав. Едноставно испратив меил допис до членовите на Централниот Комитет дека си давам оставка од внатрепартиските функции и причините за истите.

Оти на таков корен се поставени работите некој крт си го раширил мојот маил. Наместо прст на глава дека нешто не штима чим толку брзо излегуваат информации од внатре со дрва и камења по мене... Па уште на цело членство директива да се лајкува и шири еклатантна дезинформација. За човек што толку долго е активен во партијата што е записничар на формирање ЛО Велес во таму некаде 2016/17... - напиша тој на неговиот Фејсбук профил. 
Еве ја неговата објава:

Неговата објава предизвика бројни коментари, од кои дел го поддржаа, но дел продолжија со вулгарни навредливи коментари...


Слично

Поврзани вести