Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви гаранции бара бугарскиот министер за надворешни работи Стоев?

Какви гаранции бара бугарскиот министер за надворешни работи Стоев?

Нашата политика кон Северна Македонија е доследна, вели бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев. 

Тој денеска  изјави дека  предлагаат продлабочување и рестартирање на дијалогот и тоа да биде од двонасочна перспектива.

„Вториот сегмент, на кој се работи е враќање на темата во нормалните европски формати, каде треба да се разгледаат тие прашања меѓу државите-членки на Европската Унија, и каде што ќе се дадат гаранции на Бугарија, дека тоа што е договорено на билатерална основа, ќе се исполнува и во иднина“, вели тој. 

Вели дека мониторингот од  ЕУ е гаранцијата дека билатералните договори што се потпишани и кои претстои да бидат потпишани, ќе бидат исполнувани. Очекува конструктивен дијалог. 

„Македонските историчари изгубија три години во неподготвеноста да ја прифатат формулацијата на Договорот за пријателство и добрососедство, со што станува јасно дека Бугарија и РС Македонија имаат заедничка историја“, изјави за БТВ, проф. Ангел Димитров, копретседавач на бугарската страна на Мешовитата комисија за историски прашања.

Деновиве бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија трпи притисок за да се тргне блокадата. Поради бугарското вето, Македонија не може да ги почне преговорите со ЕУ. 

Слично

Поврзани вести