Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви договори потпишаа македонската и бугарската Влада?

Какви договори потпишаа македонската и бугарската Влада?

Македонија и Бугарија ќе ја намалуваат цената на роамингот, ќе разменуваат геодетски и картографски податоци.

Oва е дел од договореното на заедничката седница на Владите на Македонија и Бугарија денеска во Струмица. 

Деветте договори коишто ги потпишаа  македонската и Владата на Бугарија, се потврда за унапредување на Договорот за добрососедство. Премиерите на двете држави се согласија да ја интензивираат соработката во полето на дипломатијата, одбраната, енергетиката, инфраструктурата. Како што истакна премиерот Бојко Борисов, Бугарија ја поддржува заложбата на нашата земја за членство во ЕУ. Наскоро ќе испрати и експерти во Македонија, за да ги споделат искуствата. Се очекува и најдоцна за шест месеци, корисниците на мобилни телефони да плаќаат пониски цени за роаминг.

Фокусот на сорботката во идните месеци ќе биде насочен кон Коридорот 8, за што е најавена срдба на балканските лидери со претставниците на банките, со цел да се обезбеди загарантирано финансирање на изградбата на коридорот со кој Јадранскиот брег ќе биде поврзан со Црно Море.

Слично

Поврзани вести