Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви договори ќе потпише Заев со Грција?

Какви договори ќе потпише Заев со Грција?

Македонскиот премиер, Зоран Заев со грчкиот колега,  Алексис Ципрас последен пат се сретнале во Лондон и Брисел, а како што кажа Заев во разговорите останува меѓусебното храбрење и иницијативите за пријателство, но и склучување на стратешки договори меѓу двете земји.

„Разговараме некаде наесен да ги подготвиме договорите што две соседни земји не може да ги немаат како договори, а тоа е за Заштита на инвестициите, Договорот за отстранување на двојното оданочување меѓу двете земји и многу, многу други договори. Тоа за мене значеше и обврска да пренесам во институциите да почнат со подготовката за билатералната комуникација со Грција“-  вели Заев.

Премиерот кажа дека по спроведување на референдумот во земјава и ратификација на договорот во грчкиот Парламент, граѓаните ќе очекуваат и да ги видат конкретните ефекти и поволности од овој договор за пријателство и стратешко партнерство со Грција.

Слично

Поврзани вести