Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКВИ ЦАРЕВИ: НА МАКЕДОНЦИТЕ ИМ НЕГИРААТ ИМЕ, НАЦИЈА, ЈАЗИК, ЗНАМЕ - а тие ладно се пласираа на Европско единствени од сите соседи

КАКВИ ЦАРЕВИ: НА МАКЕДОНЦИТЕ ИМ НЕГИРААТ ИМЕ, НАЦИЈА, ЈАЗИК, ЗНАМЕ - а тие ладно се пласираа на Европско единствени од сите соседи

„Значи на Македонците им го негираат името, нацијата, јазикот, знамето, а тие ладно, како единствени од сите оседи, се пласираат на Европското првенство, и тоа како мултиетничка екипа. Какви цареви, секоја чест“.

Ова е дел од твитовите на наши сограѓани од соседните држави, кои искрено се радуваат на големиот успех на Македонската репрезентација.

И регионалните медиуми дадоа голема поддршка и честитки до нашата фудбалска репрезентација за пласманот на Европското првенство. 

„За прв пат во историјата, фудбалската репрезентација на Македонија избори пласман на Европското првенство откако во финалето на плеј-офот во Тбилиси ја совлада Грузија со 1-0. Херој на натпреварот беше 37-годишниот Горан Пандев, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 56-та минута, негов 36-ти гол на 114-от настап во дресот на репрезентацијата“, пренесе „ХРТ“. 

Хрватски „Индекс.хр“, пак, пишува: „Македонците ја победија Грузија со 1-0 на гости, а херој беше искусниот Горан Пандев, кој ја однесе репрезентацијата на ЕП, на 37- годишна возраст. По прославата и победата на теренот, Македонците ја префрлија позитивната енергија во соблекувалната, но и на прес-конференцијата. Додека тренерот Игор Ангеловски даваше изјава по натпреварот, играчите се појавија и направија лудница“. „До денеска тој беше легенда, а отсега е Бог!, Горан Пандев ја испиша историјата на С.Македонија“, гласеше насловот на српски „Блиц“. 

Слично

Поврзани вести