Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kaкви биографии имаат новите министри Музафер Бајрам и Елвин Хасан?

Kaкви биографии имаат новите министри Музафер Бајрам и Елвин Хасан?

Елвин Хасан ќе биде новиот министер без ресор за привлекување странски инвестиции и тој доаѓа на местото на Аднан Ќахил, додека пак Музафер Бајрам ќе биде новиот министер без ресор за имплементација на стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите кој доаѓа на местото на Аксел Ахмедовски. 

Премиерот Зоран Заев посочи дека вториот предлог за министер без ресор, Музафер Бајрам доаѓа како млад правник, кој има работено во областа на правото и формирањето на законските регулативи.

„Бајрам има работно искуство како помлад соработник во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор, а има работено и како проект асистен на НВО „Лил“ и приправник во адвокатски канцеларии. Верувам дека со своето искуство и посветена работа ќе придонесе во подобрување на квалитетот на имплементацијата на стратегијата за Ромите во Република Македонија“, рече Заев.

Роден на 22.10.1983 година во Скопје. Високо образование завршува на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на правниот факултет „Јустинијан I“. Оженет е,  татко на две деца.

Првото работно искуство го стекнува во невладината организација „ЛИЛ“ во Скопје, каде што е ангажиран за проектите: „Цивилна регистрација на Ромите“ и „Социјална заштита на Ромите“.

Неговиот приправнички стаж го извршува во адвокатска канцеларија „Мирослав Вуиќ“ кое трае се до неговото вработување во владата на Р.М.

Од 2011 година до 2015 година работи во секретаријатот за спроведување на рамковниот договор при владата на Р. Македонија. Од 2015 година до сега работи во министерството за животна средина и просторно планирање, сектор за Европска Унија.

Член е на ПЦЕР уште од неговата 18-та година, каде што набрзо станува претседател на младината. Од тогаш бил дел од сите политички кампањи на ПЦЕР. Во 2016-та година го избираат за потпретседател на партијата.

Младиот доктор на науки Елвин Хасан доаѓа на позиција министер без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции од позицијата претседател на НВО и долгогодишен граѓански активист, кој ги застапува правата на турската заедница во Република Македонија.

„Елвин Хасан зад себе има повеќегодишно работно исксуство како асистент во групата за турски јазик и книжевност и експерт од пракса за одделенска настава на турски јазик на Педагошкиот факултет. Има објавено неколку научни трудови и докторирал на тема „Организација, раководење и управување со основното образование во Република Македонија и Република Турција“. Очекувам Елвин Хасан да ја оправда довербата и да одговори со посветеност на позицијата министер без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции“,  рече Заев.

Ваквите измени во Владиниот состав пратеникот Самка Ибраимовски чија партија го држи ова имистерско место денеска ги искоментира како неопходни во случаи кога не се задовоилни од исходот и сработеното . Тврди измените биле потребни бидејќи голем, дел од проектите во Стртатегијата за ромите останале не реализирани.

„Мора да има промени, не сме задоволни од проектите кои беа зацртани, дел е направено а дел е останато“ - вели Самка Ибраимовски.

Премиерот Зоран Заев пак и денеска рече дека не планира засега поголема реконструкција на владата а овие одлуки биле донесени и од страна на политичките партиципенти во власта. Меѓу другото повтори дека дефинитивно не се кандидира за претседател на државата и порача дека е добро да се разгледаат други кандидати.

Слично

Поврзани вести