Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКВИ БАРАЊА ЌЕ СТИГНАТ ОД АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ: Во преговори за нова Влада албанскиот блок со заеднички став!

КАКВИ БАРАЊА ЌЕ СТИГНАТ ОД АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ: Во преговори за нова Влада албанскиот блок со заеднички став!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети пред почетокот на конститутивната седница на Собранието на која беа верификувани мандатите на новите пратеници рече дека партиите на Албанците ќе настапат со единствени барања во преговорите за новата Влада.

Ахмети откри дека политичките партии на Албанците со освоени мандати на последните предвремени парламентарни избори на 11-ти декември ќе усвојат документ што ќе ги содржи потребите на Албанците во Македонија

Како што информираше Али Ахмети, за содржината на најавениот документ било разговарано во четвртокот на средбата што лидерите на ДУИ, Движењето БЕСА и Алијансата на Албанците ја имале во Тирана со албанскиот претседател Еди Рама, што е нивна втора средба во овој формат.

Таквиот документ не претставувал „црвена линија, ниту, пак, неговата содржина се услови за разговори за формирање на новата влада“ дополни Ахмети. Рече дека станува збор за „основни начела и реални потреби на Албанците во Македонија.“

Слично

Поврзани вести