Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каква санкција доби советникот на Чулев кој нападна началник во Тетово?

Каква санкција доби советникот на Чулев кој нападна началник во Тетово?

Oд кабинетот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев испратија соопштение до државната агенција МИА во кое пишуваат дека е суспендиран советник на министерот кој нападна началник на изборниот ден во Тетово. 

Информираа дека по постапката на внатрешната контрола му е изречена најстрога дисциплинска мерка.

Дел од медиумите пак објавија дека всушност советникот Зоран Ѓорѓевски бил суспендиран само еден ден, па се вратил на работа. 

Тој за наредните шест месеци добил казна од 15 отсто кратење на платата.

Дополнителната заменичка Славјанка Петровска на Фејсбук напиша дека решението на Чулев е скандалозно и спротивно на изборниот законик кој предвидува дека од денот на распишување на изборите, па се до завршување на изборниот процес, не смее да се започне со постапка “престанок на работен однос”.

Ѓорѓевски на 15-ти јули во Тетово го нападна началникот на единицата за безбедност во сообраќајот во СВР Тетово, Зоран Талев. Против него има и кривична пријава за насилство и малтретирање во служба.

Слично

Поврзани вести