Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКВА ПРОЛЕТ ДА ОЧЕКУВАМЕ? Метеоролозите велат ќе биде поблага, топла но со променливо време, еве ги деталите

КАКВА ПРОЛЕТ ДА ОЧЕКУВАМЕ? Метеоролозите велат ќе биде поблага, топла но со променливо време, еве ги деталите

Изминатиот период наголемо се пишуваше дека доаѓа до смена на феномените Ел Нињо и Ла Ниња, односно, дека Ел Нињо заминува и дека доаѓа Ла Ниња.

Тоа го потври и метеорологот Владо Спиридонов, во гостување на утринската емисија на Тв Телма, кој истакна дека од април до јуни, земјата климатски ќе биде во неутрална фаза, а од јуни веќе таа неутрална фаза заминува и настапува Ла Ниња.

Како што кажа тој, пролетта ќе биде поблага, топла, но втората половина од неа може да биде повлажна, поточно, поврнежлива.

На прашањето зошто во Скопје нема повеќе снег, тој истакна дека тоа е под влијание на Ел Нињо, и додаде дека периодите кога имало снег, всушност активна била Ла Ниња.

Па така, според Спиридонов, април и мај, пролетта ќе биде со повисоки температури, а веќе од април ќе се создадат услови за нестабилна атмосфера со грометици. За летото не може да се даде никаква прогноза, бидејќи е рано.



Слично

Поврзани вести