Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каква порака прими Џафери од Хан во Брисел?

Каква порака прими Џафери од Хан во Брисел?

Новоизбраниот собраниски спикер на покана на еврокомесарот Јоханес Хан на вториот ден од новата функција замина во официјална посета на Брисел.

Преку социјалните мрежи беше соопштена пораката која Талат Џафери ја примил од комесарот.


„Парламентот мора да си ја работи непречено работата, а фокусот да биде формирањето на новата Влада“, пишува на Твитер профилот на Јоханес Хан.

Очекувањата на Брисел се без опструкции од опозицијата Собранието да работи непречено.

Значајни средби во Брисел Џафери ќе има и со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, како и со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани како и европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.

Слично

Поврзани вести