Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каква порака праќа Фон дел Лајен за уставните измени?

Каква порака праќа Фон дел Лајен за уставните измени?

Шефицата на Европската Комисија(ЕК), Урсула фон дер Лајен се надева дека сите страни ќе ги поддржат уставните измени. 

Вели дека ова е со цел придвижување на земјава на европскиот пат. 

„Македонија припаѓа во ЕУ“, напиша на социјалната мрежа Твитер, Фон дер Лајен по неформалниот состанок на лидерите од Западен Балкан и ЕУ во Атина по повод 20-годишнината од Солунската агенда за ЕУ перспективата на Западен Балкан.

Фон дер Лајен во Атина се сретна со премиерот Димитар Ковачевски, кој во изјава за МИА рече дека разговарале за европската перспектива на државата и изразиле задоволство што е започнат процесот за уставните измени.

„Процесот започна успешно и се надевам, исто како што и ЕУ се надева, дека во нашето Собрание ќе има визија и ќе има храброст пратениците да донесат една важна одлука која што се однесува на продолжување на европската интеграција на Македонија во Европската Унија“, вели Ковачевски.

Американската амбасадорка Анџела Агелер ги повика политичарите да мислат на европската перспектива.

„Мислам дека просперитетот и безбедноста на оваа држава е во интеграцијата во Европа и се надевам дека политичарите од сите партии во оваа држава ќе работат за тоа. Границата кон Грција не потсетува на тешките одлуки кои оваа држава веќе ги направи. Препознавам дека и ова е тешко, но само ги охрабрувам граѓаните да им дадат до знаење на нивните политичари дека тие сакаат да бидат дел од ЕУ“, рече амбасадорката на САД.

ВМРО-ДПМНЕ бара избори до крајот на оваа година. 

фото Фејсбук/Димитар Ковачевски

Слично

Поврзани вести