Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каква порака ќе донесе Столтенберг денеска во Скопје

Каква порака ќе донесе Столтенберг денеска во Скопје

Столтенберг и високи претставници на НАТО со дводневна посета на Македонија.

Генералниот секретар на НАТО пред да дојде во Скопје, ќе ја посети Тирана, каде што е предвидено да престојува само неколку часа.

Според најавите на медиумите од соседството во Тирана Столтенберг ќе оствари средби со премиерот Еди Рама и со претседателот на Албанија Илир Мета.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. За време на посетата, планирани се средби со претставници на државниот врв со кои ќе разговараат за процесот на пристапување на земјава во Северноатлантската алијанса.

Досега 13 земји од вкупно 29 членки на НАТО го потпишаа протоколот за членство на земјава во Алијансата.


Слично

Поврзани вести