КАКВА ПОМОШ ЌЕ ДОБИЕ МАКЕДОНИЈА ОД ЕУ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА КРИЗАТА: Фон Дер Лајен денеска ќе соопшти во Скопје
Шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ќе допатува во Скопје во рамки на
турнејата која ја почнува во Западен Балкан. Се очекува да даде одговор каква
ќе биде помошта што ќе ја добие нашата земја од ЕУ за надминување на
енергетската криза.
Инаку, како што самата најави уште минатата недела од Стразбур еден дел од помошта во областа на енергетската криза ќе биде вклучувањето на земјите од Западен Балкан за заедничко купување на енергенси со земјите од ЕУ.
Оваа платформа има за цел да ја зајакне соработката меѓу земјите и да ја намали конкурентноста помеѓу државите на енергетскиот пазар.
Фон дер Лајен по Скопје, ќе патува и во Приштина, Тирана, Сараево, Белград и Подгорица.
ФОТО: EPA
Слично
