Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каква политичка цена е подготвен да сноси Заев?

Каква политичка цена е подготвен да сноси Заев?

Премиерот Зоран Заев вели дека е подготвен да ја сноси политичката цена, но тоа е вредно за Македонија.

Тој е убеден дека осигуруваат иднина за генерациите кои доаѓаат. 

Вели дека историскиот контекст е целосно сочуван, а правото на самоопределување е признаено од јужниот сосед. 

Ова премиерот Заев го изјави денеска пред пратениците на денешната дебата по нацрт-амандманите на Уставот. 

„Веројатно историскиот момент и можноста од грчка страна да има соговорник ги поклопија коцките да се донесе одлуката. И тука според мене е моментот кога го прекршувате личниот и партискиот интерес во однос на државните интереси“, вели Заев.

Пратеникот Илија Димовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, предложи во Преамбулата на Уставот да бидат внесени уште три документи и тоа Уставот на Република Македонија од 1991 година, како и востаничкиот Устав од Кресенското востание и првиот Устав на ТМОРО.

Заев смета дека со Договорот од Преспа добиваат и двете земји. 

Слично

Поврзани вести