Каква моќ ќе има сега ветото на Макрон?
Шефот на ЕУ, Урсула фон дер Лејен ги наведе преговорите за пристапување за Северна Македонија и Албанија како приоритет на нејзиното раководство, додека нејзините претходници, Жан-Клод Јункер и Доналд Туск, ја опишаа блокадата на разговорите на Емануел Макрон минатата година како „тешка грешка“.
Нацрт-документ, содржи список на барања што блокот ги бара од своите апликанти од Западен Балкан, пишува Експрес.
Идните разговори може да бидат ставени во мирување или суспендирани како казна за неисполнување на очекувањата на ЕУ, според плановите.
Но, во обид да не ги остават Северна Македонија и Албанија премногу очајни, на земјите може да им се даде дополнителен мотив.
Се работи за дополнителни средства и поблиска интеграција со политиката на ЕУ, пазарите и програмите во областите каде може да се имплементираат.
Франција предизвика бес во октомври со блокирање на започнувањето на разговорите за пристап, со поддршка на Холандија и Данска.Париз тврди дека државите не сториле доволно за да ја намалат корупцијата, да ги зајакнат нивните одредби за владеење на правото.
Владата на Северна Македонија сега се соочува со спротивставување на евроспектиците на изборите во април.
Противниците тврдат дека ЕУ ја изневерила земјата откако ги исполнила барањата, вклучително и промена на името, за да се реши долготрајниот спор со Грција.
