Каква кампања ќе води Собранието: Референдумот на координација
Референдумот закажан за 30 сепетември и кампањата се клучна тема на првата координација на претседателот на Собранието Талат Џафери по одморите со потпретседателите, координаторите на пратеничките групи и претставникот на Владата, закажана за денеска. Тема ќе бидат сите прашања поврзани со референдумското изнасјуванје, ама и тоа како ќе се прави јавната пропаганда.
Инаку за денеска е закажана владина седница на која треба да се одреди сумата што ќе се одвои за кампања за референдумот врз основа на информациите за средствата што ги имаат на располагање Министерствата и органите на државната управа, што треба да бидат доставени до неа.
Додека другите институции одлучија да молчат од Министерството за одбрана веќе објавија дека одвоиле помалку од 60 милиони денари, средства кои, како што изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, биле насочени кон активност во поддршка во нашите НАТО интеграции, но кои не беа во делот на логистика, ниту потреби на АРМ.
