Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каква иднина има Alibaba

Каква иднина има Alibaba
Гласините дека Alibaba може да има потпишано договори на два од најбрзо растечките пазари за онлајн трговија - Индија и Кина, можат да влијаат на плановите на компанијата за глобална експанзија, велат аналитичарите.

Бројни медиуми оваа недела објавија дека Alibaba води преговори со индиската интернет фирма One97 Communitations за инвестирање на 575 милиони долари во нејзината услуга за онлајн плаќања Pytm која има 25 милиони регистрирани корисници и е популарна меѓу високата класа клиенти како Uber, Expedia и Airbnb.

Договорот ќе им овозможи на индиските клиенти да уживаат со Paytm, за да се плати за стоката од сајтовите на Alibaba, додека Кинезите ќе можат да ги користат Alipay во продавницата на Paytm. Трговците од двете платформи ќе можат да ги нудат меѓусебно своите производи во платформите.

Ако вестите се покажат точни, веруваме дека ваквата инвестиција може да обележува друг важен чекор во стратегијата за глобална експанзија на Alibaba", посочуваат аналитичарите од Barclays, додавајќи дека тоа ќе ги прошири пазарните можности за кинеските трговци. Освен тоа ќе овозможи на Alibaba да влезе на пазарот на онлајн трговија во Индија, кој се очекува да достигне 30 милијарди долари до 2020 година во споредба со 2014 година, кога тој беше 17 милијарди долари според Barclays.
Глобалната стратегија на Alibaba

По рекордното IPO минатата година се очекува Alibaba да се насочи кон развој и развиените онлајн пазари надвор од Кина, тврди аналитичарот на Forrester Сатиш Мијна. Компанијата во моментов има меѓународна верзија на својата онлајн продавница Taobao, а неодамна го објави и сајтот за онлајн бутик во САД.

Според зборовите на експертот Paytm може да одигра клучна улога за Alibaba надвор од Кина и на нејзината платформа да и обезбеди можност да ги привлече првите корисници на мобилни уреди во земјата.

На пазарите во развој како Индија, Alibaba постои можност да го изнесе својот бизнис модел и да изгради сопствен бренд поевтино, бидејќи трошоците за привлекување на клиентите ќе се ниски, а лидерите на пазарот не се утврдени, за разлика од развиените пазари како САД. Во Америка трошоците за привлекување на клиенти се високи, а воспоставувањето на една марка станува исклучително тешко, особено ако таа почнува од нула, тврдат од Forrester Research.

"Alibaba се обидува да влезе во некои помалку развиени пазари, слични на оној во Кина пред 5 до 10 години. Ова и дава на компанијата поголема шанса за успех, но да видиме дали тие пазари ќе го повторат успехот на Кина", коментира Му Дже Ли, аналитичар од Arete Research.

Ли верува дека стратегијата за експанзија на Alibaba всушност предизвикува вознемиреност, бидејќи ја става под сомнение кинеската онлајн трговија, која ужива просечен годишен раст во висина од 30%.

Стравувањата се дека ако Alibaba продолжи со стратешките инвестиции, таа може да стане вложувачки капиталист во сферата, а не вистинска компанија наведува Ли. К.К.
Слично

Поврзани вести