Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каква функција ќе врши Павле Трајанов во Владата?

Каква функција ќе врши Павле Трајанов во Владата?

Долгогодишниот политичар и екс пратеник Павле Трајанов повторно ќе извршува државна функција, откако Владата на Република Македонија донесе одлука да го назначи за Национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија.

Павле Трајанов доаѓа на местото на претходниот национален координатор д-р Живко Јанкулоски.

Националната координација за имплементација на Националната платформа на Република Македонија за намалување на ризици од катастрофи е формално воспоставена со именување на Национален координатор во април 2010 година и оттогаш постепено се етаблира во националниот систем, како и на меѓународен план.

Слично

Поврзани вести