Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКВА Е ВЕРЗИЈАТА НА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ И РОДНИНИТЕ ЗА ДЕНЕШНИОТ ИНЦИДЕНТ ВО ИДРИЗОВО - се чека да се изјасни и затворската управа

КАКВА Е ВЕРЗИЈАТА НА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ И РОДНИНИТЕ ЗА ДЕНЕШНИОТ ИНЦИДЕНТ ВО ИДРИЗОВО - се чека да се изјасни и затворската управа

Роднини на затворениците за кои МВР јави дека пружиле отпор кога Полицијата сакала да им ги земе ножевите, мобилните и шилата кои нелегално ги држат во затворот, за дел од медиумите сведочат дека затворениците биле брутално претепани од полицијата за време на акцијата.

Како што објавивме, од полицијата денеска информираа дека во текот на денешниот ден полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со ОЈО Скопје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во Казнено поправната установа Идризово, во полуотворено одделение, при што се пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога. 

„При преземањето службени дејства, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, но биле совладани по преземени мерки и активности. При тоа, со повреди се здобиле 10 полициски службеници, а со повреди се здобиле и дел од затворениците. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, изјави Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи.

Еден роднина изјавил дека неговиот брат е затвореник, дека е малтретиран и е многу лошо. 

„Можеби има скршена нога и е многу лошо. Не знам во која земја живееме и дали ова е демократска држава, не знам што да кажам. Направив и неколку фотографии кои ви ги испратив како доказ за да видите во која земја живееме, земја кандидат за Европа, а се случуваат овие работи. Ако брат ми згрешил, ја отслужува казната, но сега треба да ги трпи и овие, а се знае во какви услови се, па сега и да бидат мачени и тепани без вина, не смее да бидат тепани затоа што судот е за таа работа, да ги казни ако направиле некое дело, но знам дека мојот брат е чист во оваа работа“, рекол роднина на затвореник за Алсат ТВ.

„Имаме информации дека бил лошо претепан без причина, не знаеме зошто, не знам во каква држава живееме“, додава роднина на друг затвореник.

И други медиуми јавија дека и самите затвореници се пожалиле на денешната полициска акција. 

Од затворот ќе коментирале кога се ќе се завршело.

Се јави и демократското движење и еве што напишаа.

„Како што дознавме, во затворот„Идризово" од страна на полицијата брутално биле претепани околу 50 затвореници. Иако вистинските мотиви не се познати, сликите кои се објавија во јавност покажуваат дека овие затвореници биле третирани на најлош нечовечки начин. Ова констатација уште повеќе го потврдува пренесувањето на истите во државна болница каде им се укажува прва помош. 

Државните органи, кои ја применија ова бруталност, треба да знаат дека и затворениците ги имаат своите права утврдени со закон затоа што и тие се човечки суштества.

Додека Али Ахмети, Артан Груби и Кренар Лога, со сета сила се ангажирани да ги помилуваат делата на поранешните корумпирани и криминализирани функционери, додека Мијалков лежеше во затвор организира милионска свадба за неговиот син, додека се врши притисок врз судиите за да ги ослободат обвинетите владини лица, додека се потрудат да ги ослободат терористите од настанот 27 Април каде најтешко патеше Зијадин Села, додека ни збор не се слуша од властите за Албанците кои издржуваат казната затвор за монтирани случаи, додека вооружени конфликти се случуваат во јавни места заканувајќи го животот на граѓаните, актуелната власт ја покажува неговата сила со специјалната единица која брутално ги претепа затворениците.

Министерството за Правда и Министерството за Внатрешни Работи, мора да даваат објаснување за јавноста, бидејќи со самиот факт дека во болница завршиле околу 50 затвореници, се покажува дека нешто сериозно се случило. Исто така, објаснувањето треба да биде адекватно и аргументирано, бидејќи во јавноста постојат различни верзии за овој настан, кој сепак можел да има поинаков епилог со помалку последици. Ако, како што се вели од полиција се пронашле толку забранети предмети во затворот „Идризово", тогаш ова покажува дека раководството на оваа институција треба да се изјасни пред надлежните органи“, велат од Демократското движење.

Слично

Поврзани вести