Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каква е состојбата на патиштата низ Македонија денеска!?

Каква е состојбата на патиштата низ Македонија денеска!?

Денес помеѓу 15:00 и 16:00 часот, на патниот правец Кичево - с. Извор, М-4, ќе се изведуваат градежни работи (минирање). Сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути.

На патниот правец Прилеп - Витолиште Р-1107, стационажа 35-ти километар, поради свлечиште на патот сообраќајот се одвива отежнато.

На патниот правец Прилеп - Македонски Брод Р-1303, на 27-ми километар, поради слегнување на асфалтот на патот сообраќајот се одвива отежнато. Поставена е соодветна патна сигнализација.

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е сеуште во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, известуваат од АМСМ.

Слично

Поврзани вести