Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каква е состојбата на патиштата низ Македонија!

Каква е состојбата на патиштата низ Македонија!

Од 8:00 часот е укината забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража. Од 06:45 часот нормализиран е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на патниот правец Катланово - Велес од 21:45 часот е нормализиран. Поради внимателност, во должина од 500 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поставена е дополнителна сообраќајна и светлосна сигнализација.

Поради свлечиште на патниот правец А3 Прилеп-Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е во целосен прекин за сите видови на возила. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.

На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај с.Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

На регионалниот пат Гевгелија - Смрдлива вода, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради појава на свлечиште.

На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази дојдено е до попуштање на патот преку двете коловозни ленти (расцеп околу 20см). Сообраќајот е комплетно стопиран за сите видови на моторни возила , а се пренасочува преку с. Киселица, с Ратавица, с. Леговец и Пробиштип.

На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат с.Просениково - с.Сарај, а сообраќајот на овој патен правец за ТТВ се одвива по заобиколен пат, пренесуваат од здружението на Амсм.

Слично

Поврзани вести