Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каква е состојбата на граничните премини?

Каква е состојбата на граничните премини?

Поради прославата на Велигден, во Македонија имаме продолжен викенд. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, информираат од Авто мото сојузот на Македонија. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

На патниот правец А3 Прилеп – Битола - Ресен на обиколницата кај Битола свлечиштето е очистено,но од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува низ градот Битола. 

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско - Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација. 

Слично

Поврзани вести