Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каква е фреквенцијата на граничните премини?

Каква е фреквенцијата на граничните премини?

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по претежно суви коловози, а а повисоките планински и осојничави места се забележуваат влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Македонија. 

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. 

Слично

Поврзани вести