Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКВА Е АГЕНДАТА: Заев и Борисов ќе го потпишат договорот за добрососедство

КАКВА Е АГЕНДАТА: Заев и Борисов ќе го потпишат договорот за добрососедство

Премиерот Зоран Заев со бугарскиот колега, Бојко Борисов утре попладне во Владата во Скопје ќе го потпишат договорот за добрососедство, пријателство и соработка.

Бугарскиот премиер утре со владина делегација ќе пристигне во дводневна посета на Македонија. Тој пред Владата ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, а потоа ќе следи тет-а-тет средба со Заев, како и средба на членовите на делегациите на двете влади.

По церемонијата предвидени се и изјави за медиумите. Предвидени се и средби на бугарската делегација со неколку министри од македонската влада, како и со спикерот, Талат Џафери и претседателот Ѓорѓе Иванов. Борисов в среда ќе присуствува и на заедничко чествување по повод националниот празник Илинден во црквата Свети Спас во Скопје, каде ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев. 

Слично

Поврзани вести