Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каква биографија има Љубомир Јовески?

Каква биографија има Љубомир Јовески?

Љубомир Јовески (63) е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител. 

Оваа одлука е соопштена денеска. Од Владата информираа дека одлука донеле врз основа на професионалното искуство. 

Првото работно место на Јовески  беше во 1979 година во Секретаријатот за правосудството на Социјалистичка Република Македонија.

Јовески бил судија во Општинскиот суд, во Основниот суд Скопје 2, а во 2003 година е избран за заменик јавен обвинител.

Во Советот на јавните обвинители е од пред 2 години, а претходно беше и еден од десетината заменици на Марко Зврлевски, разрешениот јавен обвинител.

Јовески во својот имотен лист доставен до Антикорупциската комисија навел дека има стан во Скопје од 51 квадратни метри во вредност од 38.000 евра. Вози „рено меган“, а има уште едно возило „југо“, старо 19 години. Во банка има 7.000 евра и кредитна картичка со минусно салдо од 150.000 денари.

Конечната одлука за избор на нов јавен обвинител треба да донесе Собранието со 61 глас. Мандатот на јавниот обвинител е шест години.

Доколку ја добие довербата тој ќе биде заменик на Марко Зврлевски. 

Слично

Поврзани вести