Каков професионален „товар“ има зад себе замената на Софијанова?
Катерина Ставриќ како што се очекуваше и официјално е нова директорка на клиниката за детски болести во Скопје. Taa на позицијаta доаѓа на местото на Аспазија Софијанова која повеќе години се грижеше за водството на оваа болница, но министерот за здравство реши да ја замени.
Во професионалната биографија на Катерина Ставриќ стои дека Доктор на медицина дипломирала на Медицински Факултет Св.Кирил и Методи Скопје во 1987.
Специјализација по педијатрија вршела од 1993 до 1997 на Клиниката за детски болести во 1997.
Со титулата магистер по медицински науки се стекнала во 2002 исто така Медицинскиот факултет во Скопје.
Следната специјализација и е по семејна медицина, од 2009 до 2011 година на Медицински Факултет Св.Кирил и Методи Скопје.
Од 1990 до сега е вработена во ЈЗУ Клиника за Детски болести Скопје. Од 1997 година работи на оддел имунологија. Од 2011 година е координатор на Центар за семејна медицина, Медицински Факултет Скопје. Таа има издадено и десетина научни трудови.
