Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каков предлог има СДСМ за патните трошоци на пратениците?

Каков предлог има СДСМ за патните трошоци на пратениците?

Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ изјави дека СДСМ пред две недели предложила нов начин на пресметка на патните трошоци на пратениците.

Тунтев вели дека не бегаат од овие проблеми и за нив ќе се дебатира. 

„Четири месеци се обидувавме да ги убедиме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека нема потреба да се одолговлекуваат седниците, да се доаѓа секој ден, да се дискутира едно исто со реплика на реплика. Секое доаѓање на пратениците значи и патни трошоци, значи доаѓање на работа. Јас сум од Охрид, јас патувам секој ден. Мене во описот на работата за доаѓање на работа, ми е пет часа дневно во автомобил, јас возам 350 километри во денот и немам избор. Тоа е регулирано законски и од Законот за во Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица и со Одлука за висината за надоместок што ја носи Комисијата за избор и именувања во ова Собрание. Значи, една од причините за големиот број доаѓања на пратениците, беше токму таа и ние со месеци укажувавме дека непотребно доаѓаме и дека непотребно се трошат пари на граѓаните“- вели Тунтев.

Координаторите на другите пратенички групи ќе можат да ја разгледаат иницијативата на СДСМ до крајот на месецот. Ако тие не се согласат или не дадат свои предлози, СДСМ сам ќе поднесе предлог за законски измени.

Слично

Поврзани вести