Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКОВ ОКТОМВРИ ЌЕ ИМАМЕ? Еве што велат метеоролозите

КАКОВ ОКТОМВРИ ЌЕ ИМАМЕ? Еве што велат метеоролозите

Метеорологот Славчо Попоски објави детали за тоа каков октомври не очекува.

„ За неколку денови ни доаѓа месец Октомври, а истиот ќе го започнеме со „Мини лето“ и пријатно топло време преку ден, како и со повеќе сонце. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Сепак утрата ќе бидат свежи и минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, а особено во Малешевијата тие ќе се спуштат и до околу 5 степени.

Врнежи не се очекуваат. 

Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 10 и 13 степени, а пак максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 28 степени.

Уживајте во мини летото кое не очекува во првите денови од месец Октомври, и секако искористете ги максимално за правење на зимница“ истакна тој.



Слично

Поврзани вести