Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каков месец септември не очекува?

Каков месец септември не очекува?

Метеорологот Славчо Попоски вели дека месецот септември во поглед на температурите и на врнежите треба да биде просечен, што значи дека се очекуваат типични температури на воздухот за септември, а исто така и врнежи.

Повремено можни се нешто повеќе врнежи, особено во западните предели од државава.

„Нормално дека повремено треба да се очекува и посвежо време од вообичаеното, особено во првите денови од месецот, кога особено наутро ќе биде посвежо со ниски утрински температури кои на некои места се очекува да се спуштат и под 10 степени. Сето ова е поради продор на свежа воздушна маса од север“, вели Попоски. 

Во текот на месец септември се очекуваат убави, летни и топли денови, но пеколни горештини како што кажавме пред извесен период повеќе нема да има.

Слично

Поврзани вести