Каков исход очекува: Заев на средба со Макрон и Меркел
Македонскиот премиер Зоран Заев денеска ќе се сретне со претседателот на Франција, Емануел Макрон, во рамките на отворените средби на Беринската конференција за Западен Бакан, чии покровители се Франција и Германија.
Ова ќе биде најголемата прилика до сега за Македонија да го убеди Макрон дека земјата заслужува да добие Датум за преговори во јуни, односно во текот на оваа година.
Франција, Холандија и Данска важат за земји каде што владее национален консензус дека Европската унија не треба да се проширува по секоја цена, па токму од тие причини ова е мошне важна прилика за Заев. Претходно, министерот за надворешни работи Никола Димитров беше во дипломатска „мисија“ во Холандија каде што оствари неколку средби.
Покрај со Макрон, Заев ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.
