Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каков говор подготвил Иванов за денеска?

Каков говор подготвил Иванов за денеска?

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати на 73. Генерално собрание на Обединетите нации кое годинава се одржува на тема „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите. Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества.

Се работи за говор на три дена пред референдумот на 30 септември за прифаќање на Спогодбата од Преспа и граѓанско изјаснување за уставни измени, нешто што шефот на државата не го одобрува и има негативен став кон истото.

Иванов предизвика остри реакции кај власта и кај дел од јавноста по говорот на Мечкин Камен на 2 авгист на одбележувањето на Денот на Републиката, оценувајќи го како „предавнички“ преспанскиот договор. Истото го повтори во својата еститка на Денот на независноста на 8 септември, кога меѓу редови напомена дека на Македонија не и се потребни странски свити за референдумот. Својот став го потврди пред три дена во говор пред македонската заедница во Детроит. Овој пат за настапот пред  Генералното собрание станува збор за мултилатерален настан, на кој се присутни високи претставници на голем број земји кои го поддржуваат членството на Македонија во НАТО и ЕУ преку договорот помеѓу Скопје и Атина, па останува да се види во каква форма ќе биде обраќањето.

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, кој е дел од македонската делегација во ОН, алудирачки го предупреди Иванов да внимава на својот говор и „Македониај да настапи во единствен дрес пред другите и да мисли на иднината“.

Медиуми пласираат информации дека Иванов ја искористува можноста за посета на САД за да не биде на денот на референдумот во Македонија, но неговиот кабинет досега нема потврдено дали тој ќе се врати или ќе остане на продолжен престој.

Останувава да се види дали претседателот на Македонија ќе ја „злоупотреби“ можноста да повика на бојкотирање на референдумот, макар и во скриена имплицитна форма.

Слично

Поврзани вести