Каков февруари не очекува - еве што вели Славчо Попоски
До крајот на овој месец ќе имаме нешто потопло време од вообичаеното за овој зимски период од годината, вели метеорологот Славчо Попоски за тоа каков февруари ќе имаме.
Температурите на воздухот ќе бидат повисоки или натпросекот иако не се исклучува можноста да наиде студен бран од северните географски широчини и да услови постудено време и снег.
„Сепак околу ова ние ќе ја следиме континуирано ситуацијата и развојот на временската состојба над нашата држава. Што се однесува пак до врнежите тие ќе бидат нешто над просекот што значи ќе ги имаме повеќе поточно веќе ги имавме во текот на изминатото дено – ноќие каде на запад локално наврна близу 100 л/м2 воден талог, но и понатаму истите ќе бидат нешто почести гледано барем според моменталните анализи“ - вели Попоски.
Овој февруари ќе биде потопол и поврнежлив.
